Лекиќ: Со ова ништо не сме направиле, утре е главното!

ЕКИПА во Будимпешта,

Билјана Б. Петрушева, Кристијан Димевски

Една од најдобрите вардарови ракометарки, Андреја Лекиќ не го крие задоволството од пласманот во финалето на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите, но потенцира дека главната задача на Вардар е утре во битката за освојување на европскиот врв.

„Секако успешно ја завршивме првата задача за која сме тука. Но, со ова се уште ништо не сме направиле. Главното не очекува дури утре во финалето. Денеска имавме тежок дуел, со тешко прво полувреме во кое како да се пронаоѓавме себе, но потоа во вториот дел одигравме согласно посакуваното“ – рече по мечот Лекиќ.

А, како ќе се спротиставиме на Ѓер?

„Е, тоа е тајна… Ќе видите утре“ – вели Лекиќ.

Се вчитува...