Лекиќ: Вечно ќе ја паметам Македонија и љубовта на Македонците кон ракометот

Поранешната најдобра ракометарка во светот, Андреа Лекиќ во интервју за српски „Вечерње Новости“ говореше за целата кариера во која се наврати и на годините поминати во дресот на Вардар. Таа вели дека тие години се најдобри во нејзиниот живот и дека единствено нешто за што жали е тоа што не успеа да ја освои Лигата на шампионите со скопскиот тим.

„Љубљана беше победа над стравот, прва година надвор од својата земја, а потоа тргна феноменално кога ќе сфатиш што можеш и кога вербата ќе го победи стравот. Во Ѓер се формирав како ракометар, а во Вардар минав незаборавни пет години. Само ми е жал што не ја освоивме Лигата на шампионите. Скопје и Македонија е средината која најмногу ќе ја паметам. Љубовта на Македонците кон ракометот, кон Вардар – тоа е нешто неопишливо. Не е воопшто чудно што ракометот е спорт број еден, што салата секогаш беше полна… Срдечноста на народот во Македонија… Неверојатно!“, вели Лекиќ.

Андреа Лекиќ го носеше „црвено-црниот“ дрес во периодот од 2013 до 2018 година.

Се вчитува...