Максимално фрустрирачка е оваа сезона за Ферари, а разочарувањето не го криеше ниту Шарл Леклер, кој иако имаше пол-позиција сепак на крајот мораше да се задоволи само со четвртото место на трката за ГН на Унгарија.
Возачот од Монако беше максимално нервозен пред крајот на трката, гласно говорејќи преку тимското радио за незадоволството од функционирањето на болидот ан италијанскиот тим. Интересно, проблемите се појавија откако Леклер влезе во пит-стоп за промена на гумите, по што болидот почна да му создава главоболки и тој мораше да го препушти врвот во пласманот.
„Ова е неверојатно фрустрирачки, не личи на ништо. Веќе не сме ни конкурентни. Само треба да ме слушате… Ќе најдев поинаков начин да ги решам тие проблеми, но вие не ме слушате. Сега веќе е доцна, само чудо може да се случи да стигнам до подиум“, им порача Леклер на луѓето во неговиот тим.
Чудо на крај не се случи, Џорџ Расел го мина Леклер и возачот на Ферари на крајот мораше да се задоволи само со четвртото место на оваа трка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

