Шарл Леклер минатиот викенд славеше на трката во Монца, а возачот на Ферари ја потврди одличната форма и во денешните квалификации за пол-позицијата за трката за ГН на Азербејџан. Она што е интересно, ова е четврта пол-позиција во низа за Ферари на трките во Азербејџан, а останува дали италијанскиот тим кочено ќе стигне до првата победа во оваа земја.
Тој извозе перфектно кога беше најважно, стигнувајќи до најбрз круг кој ќе му ја даде предноста на почетокот на утрешната трка низ улиците на Баку. Зад Леклер до пред самиот крај на квалификациите беше неговиот тимски колега Карлос Саинц, за на крајот сепак Оскар Пијастри со Мекларен да стигне до второто место.
Актуелниот светски првак Макс Ферстапен веќе не делува така импресивно и недопирливо како на стартот од сезонава, Холанѓанецот утре ќе стартува од шестата позиција откако заврши послабо и од тимскиот колега Перез, кој го освои четвртото место во овие квалификации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА