Шарл Леклер стигна до пол-позицијата во денешните квалификации пред трката за ГН на Азербејџан, откако возачот на Ферари ја доби интересната битка со светскиот првак Макс Ферстапен.
Двајцата возачи имаа идентично време пред финишот на квалификациите (1:40.445), но Леклер извозе одличен последен круг, стигнувајќи до пол-позицијата. Овие квалификации дефинитивно му лежат на возачот од Монако, ако се знае дека тој трета година по ред ќе стартува од првото место на трката во Баку. Третата позиција во денешните квалификации ја освои Серхио Перез од Ред Бул, зад кого ќе стартуваат Карлос Саинц од Ферари и Луис Хамилтон.
Квалификациите за спринтот се закажани за сабота во 10.25 часот, а спринт трката ќе почне во 15.25 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА