Шарл Леклер уште еднаш потврди дека е подготвен за борба за титулата во Ф-1 шампионатот откако асот на Ферари извозе одлично на денешните квалификации за трката за ГН на Франција.
Леклер извозе одличен последен круг во кој значително го подобри сопственото најдобро време, оставајќи ги далеку зад себе ривалите за седма пол-позиција сезонава.
Актуелниот светски првак Макс Ферстапен ќе ја стартува утрешната трка од втората позиција, а веднаш зад него ќе се најдат тимскиот колега Серхио Перез и поранешниот Ф1 првак Луис Хамилтон.
Вториот возач на Ферари, Карлос Саинц, поради проблеми со болидот беше приморан да го смени моторот, за што ќе добие казна и утрешната трка ќе ја стартува од последната позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА