Шампионатот во Форума 1 продолжува овој викенд со Големата награда на Русија кој ќе се вози во Сочи, а на неа Макс Ферстапен влегува со предност од пет бода во однос на Луис Хамилтон.
Во пресрет на новиот Ф1 викенд, возачот на Ферари, Шарл Леклер говореше за дуелите на Британецот и Холанѓанецот кои оваа сезона завршија со неколку излетувања од стазата, а и имаше интересна споредба.
„Збориме за два различни стилови на возење. Макс е многу поагреисвен, додека Луис вози „почисто“. Сакам да се тркам со двајцата. Хамилтон е многу паметен и во текот на трката ве става во незгодна позиција. Преткнува само кога е сигурен дека може да го направи тоа. Додека Ферстапен секогаш вози „на граница“, не се откажува и искрено мене тоа не ми пречи“, изјави Леклер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА