Леклер ги коментираше радио-барањата на Хамилтон: „Тоа ги искомпликува работите…“

Шарл Леклер истакна дека нема лоши чувства кон Луис Хамилтон по контроверзните тимски наредби што ја одбележаа трката во Мајами. За време на трката, Хамилтон постојано ја изразуваше својата фрустрација преку тимското радио затоа што мораше да вози зад Леклер, иако користеше средно тврди гуми во споредба со тврдите на Леклер.

Седумкратниот светски шампион бараше тимот да го пушти да помине напред, надевајќи се дека ќе може да извлече повеќе од ситуацијата и да ги стигне возачите пред нив.

Ферари на крајот попуштија под притисокот и му наредија на Леклер да го пушти Хамилтон, но таа одлука не го донесе посакуваниот резултат.

Хамилтон не успеа да го стигне Андреа Кими Антонели, па тимот нареди обратна замена – Хамилтон ја врати позицијата на Леклерк.

Леклерк по трката изјави дека не бил свесен за поплаките на Хамилтон додека возел, но јасно стави до знаење дека Ферари мора подобро да реагира во слични ситуации.

„Знаев дека Луис е на средни гуми, па затоа можеби ќе има повеќе проблеми кон крајот на трката отколку јас. Гумите требаше да бидат зачувани, но исто така разбирам дека сакаше да проба нешто различно и го ценам тоа. Искрено, и јас би го направил истото да бев на негово место. Ако имате шанса да напаѓате со подобри гуми, нормално е да барате простор. Затоа не чувствувам некое незадоволство кон Луис“ – рече Леклер.

Сепак, беше јасен дека тимот мора подобро да комуницира и да донесува одлуки што нема дополнително да ги комплицираат веќе комплицираните трки.

„Мислам дека требаше да разговараме повеќе пред да ги смениме позициите. Ако се обидувам да ги зачувам гумите, а потоа добијам наредба да пуштам некого, тоа сè комплицира“ – додаде тој.

Се вчитува...