Возачот на Ферари, Шарл Леклер, кој е роден во 1997 година вели дека иако бил мал не се сеќава најдобро на пет од седумте освоени титули по ред на (2000-2004) на легендарниот Михаел Шумахер, но тој секогаш ќе биде негов херој.
„Мој херој секогаш ќе биде Михаел Шумахер. Бев многу мал кога тој победуваше, но неговите трки беа импресивни. Кога гледав Формула 1, се разбира дека тоа беше поради него. Се што правеше во тој период беше неверојатно“, изјави Леклер.
22-годишникот минатата година во првата сезона помината во болидот на Ферари, забележа две победи во Спа и во Монца, а десет пати се искачи на подиумот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА