Леклер најбрз во Австрија

Возачот на Ферари, Шарл Леклер го освои првото место на ГН на Австрија. Тоа е прва победа на Леклер во трка во која не започна од пол позицијата.

Стазата „Ред Бул Ринг“ од 71 кругови, Леклер ја мина за 1,532 секунди пред Макс Верстапен кој заврши втор. Трет беше Луис Хамилтон од Мерцедес. Вториот возач на Ферари, Карлос Сајнц доживеа несреќа откако се запали неговиот болид.

Ново најдобро време освои Мик Шумахер кој што го освои шестото место на патеката.

Се вчитува...