Леклер: Победив на Монца, а потоа таксисот не ме препозна и го фалеше „детето што возело лудо“

Младиот пилот на Ферари, Шарл Леклер, откри една анегдота во интервју за „Скај“, за моментите откако победи на трката за Големата награда на Монца. Тој стана првиот возач на Ферари кој триумфирал на домашната трка уште од Фернандо Алонсо од 2010 година.

„Се сеќавам, по победата во Монца, имавме резервирано прослава во ресторан и јас одев со такси. Возачот не ме препозна, а тогаш ми рече: Го видовте ли детето што возеше лудо и денеска победи за Ферари? Беше навистина забавно. Се насмевнав и му реков дека и јас сум голем фан на Ферари“, раскажа Леклер.

Тој во 2019 година оствари две победи во Ф1, а десетпати се најде на подиумот.

 

 

Се вчитува...