Двоецот на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинц се сензационалните освојувачи на Големата награда на Остин по еден-два победата во американскиот град.
Леклер започна од позицијата четири, но извозе одлично па се најде на врвот на пиедесталот. Монажанецот не го криеше задоволството од триумфот, а најави и дека Ферари ќе продолжи да се бори за титулата кај конструкторите.
„Пресреќен сум. Не беше ова лесен викенд, доста се мачев со болидот, но има самодоверба дека ќе извозам најдобро на трката. Пресреќен сум. Еден-два победа е нешто за што сонувавме“, започна Леклер.
„Сега целиме кон титула. Имаме уште долго, но е добар старт кон тоа што не очекува“.
На пет трки до крајот на шампионатот Ферари е на третата позиција на табелата со 496 осоени бодови, осум помалку од Ред Бул и 48 помалку од лидерот Мекларен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА