Ферари има нов разочарувачки старт на сезона во Формула 1. Италијанскиот тим предводен од Шарл Леклер и Карлос Саинз се мачи на стазата и по воведот на сезоната сериозно заостанува зад водечкиот двоец на Ред Бул.
Сепак Леклер смета дека сезоната не е загубена и дека Ферари априлската пауза ќе се искористи за подобрување на болидот со што тимот ќе се врати во игра за врвот на табелата.
„Мислам дека во ситуацијата во која се наоѓаме како тим, треба да ја искористиме можноста да работиме, да ги донесеме потребите подобрувања и да ја вратиме формата оваа сезона. Сезоната е долга, ни остануваат уште 20 трки и целосно сме мотивирани да се вратиме на врвот. Во Азербејџан мораме да се вратиме силно. Ја знаеме приказната од претходната сезона и сега треба да се фокусираме што можеме да направиме подобро оваа сезона и да се доближиме на формата на Ред Бул“, вели Монаканецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА