Леклер славеше во своето Монако во трката која беше одбележана единствено од инцидентот на првиот старт (ВИДЕО)

Возачот на Ферари, Чарлс Леклер триумфираше на трката за Големата награда на Монако, сосема заслужено успевајќи да ја одбрани пол-позицијата на домашен терен.

При повторениот старт, на трката која ја одбележа инцидентот од првиот старт, возачот од Монако беше во водство од почетокот до крајот на трката не дозволувајќи во ниту еден момент загрозување на неговата позиција. Оскар Пјастри заврши на втората позиција, а третото место го освои возачот на Ферари, Карлос Сајнц. Светскиот шампион, Макс Ферстапен, трката ја заврши на шесттата позиција, а она што е интересно првите 10 возачи ги задржаа истите позиции како и на стартот.

Трката главно беше здодевна, одбележано единствено од инцидентот при првиот старт кој се случи уште во првиот круг, судир по кој комплетно беше уништен болидот на Серхио Перез.

Кевин Магнусен непотребно се обиде успешно да го мине „теснецот“ на стартот од трката премногу ризикувајќи при што навлезе во патеката на движење на Перез чиј болид најтешко мина, но за среќа Мексиканецот помина без повреди.

 

Се вчитува...