Младиот возач на Ферари, Шарл Леклер минатата сезона доби голема шанса во легендарниот италијански Формула 1 тим која ја искористи на неверојатен начин. Леклер во дебитанската сезона во најбрзиот циркуз на светот имаше неколку одлични изданија, со кои успеа да го стави во втор план големиот Себастијан Фетел. Тој на домашната патека во Монца стигна до победа за Ферари, победа по која почувствувал колку всушност за тимот значи победата на легендарната патека.
„Во Монца беше одлично. Многу е тешко да се опише чувството бидејќи имавме многу притисок. Возевме на домашната патека, на која долго време навивачите очекуваа победа од нас. Се наежувам кога ќе помислам на таа трка. Го сфатив тоа и претходно, но Монца е нешто посебно. Тогаш гледате дека сте дел од Ферари и големото семејство на тимот. Беше навистина неописливо тој викенд и никогаш нема да го заборавам тоа“, изјави Леклер.
На крајот Леклер во генералниот пласман заврши пред тимскиот колега Себастијан Фетел што беше големо изненадување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА