Леклер: Заостануваме многу зад Ферстапен, но верувам дека можеме да стигнеме до титулата

Ферари оваа сезона се врати во конкуренција за највисок пласман во најбрзото натпреварување на светот, но немаше среќа на патеката. Грешките на Леклер проследени со лошиот тимски план одзема битни бодови за „црвените“ и Монаканецот кои сега заостануваат 93 бода зад водечкиот Ферстапен и покрај подобриот почеток на сезоната од Ред Бул.

По летниот одмор Формула 1 се враќа во етерот со Големата награда на Белгија, а во пресрет новите возбудувања очекувањата за вториот дел од сезоната ги сподели Шарл Леклер. Младиот возач вели дека ќе продолжи да верува дека може да ја освои титулата и тој менталитет ќе го задржи до самиот крај.

„Добро ми дојде паузата. Првиот дел од сезоната беше полн со подеми и падови и многу емотивно го поднесов тоа. Дојде до замор па ми одговараше одморот. Претходните три недели ги искористив да поминам квалитетно време со фамилијата и пријателите“, вели 24-годишникот кој продолжи:

„Мораме да се носиме со резултатите заедно, тимски. Треба да ја користиме секоја можност која ќе ја добиеме. Верувам дека можеме да фатиме приклучок и да се бориме за титула до самиот крај. Ќе биде тешко, но се додека постои шанса јас ќе верувам дека можеме“.

Се вчитува...