Далас Маверикс предводен од одличниот двоец Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг се подготвува за новата сезона во НБА лигата во која овој пат немаат право на грешка во обидот да стигнат најмалку до разигрувањето за титула.
Тимската хемија беше дел кој недостасуваше во редовите на Маверикс претходната сезона, но ова лето тимот работи и проблемот, а тоа може да се види и на последните снимки кои доаѓаат од тренинг центарот на НБА франшизата.
Таму Словенецот „лудува“ со своите дриблинг потези кои наидоа на „овации“ и од страна на импресионираниот Американец кој самиот важи за еден од најдобрите „дриблери“ во најсилното првенство.
Luka gonna Luka, no matter what 💀 @luka7doncic // #MFFL pic.twitter.com/RrM8nRykmB
— Dallas Mavericks (@dallasmavs) September 30, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

