Насер Ал Келаифи не може да се опорави од новиот шок и прераната елиминација на Пари сен Жермен од Лигата на шампионите, втора година по ред во осминафиналето од елитното европско натпреварување. Да се биде елиминиран од европскиот првак Реал Мадрид не е никаква срамота, но во секој случај е приземјување за катарскиот милијардер, кој очекуваше дека сезонава конечно ќе успее да го направи клучниот чекор и на европската сцена.
Впрочем, затоа и потроши 400 милиони евра на двајца фудбалери, Нејмар и Мбапе, но едниот се повреди, а вториот беше „невидлив“ токму кога беше најзначајно.
Французите пресметаа дека инвестициите на големиот газда веќе ја надминале и границата од една милијарда евра откако Катарците го презедоа ПСЖ. Желбата останува иста како и првиот ден – да се стане првак на Европа, па токму затоа разочарувањето од година во година е се поголемо.
Фотографијата од расположението на првиот човек на клубот доволно говори.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА