Англискиот премиерлигаш Арсенал договорил големо засилување за зимскиот преоден рок. Според медиумите на Островот, францускиот репрезентативец Томас Лемар од Монако ќе се пресели на „Емирати“ за сума од 100 милиони евра. Во зимскиот преоден рок можно е „топчиите“ да му дозволат и на Алексис Санчез да замине во Манчестер сити, шест месеци пред истекот на неговиот договор со клубот.
Лемар и во изминатиот летен преоден рок беше на листата на желби на Арсен Венгер, меѓутоа трансферот не се реализира. Во трка за неговиот потпис беа и Ливерпул и Барселона. Но, Венгер сега одлучил да му понуди фантастични услови, неделна плата од 250.000 фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА