Борко Ристовски од почетокот на 2023 година се враќа назад во Вардар, по истекот на неговата позајмица во таборот на бундеслигашот Лемго.
Тој ги мина последните два месеци на голот на овој бундеслигаш, помагајќи му да забележи неколку значајни победи и да ја надмине резултатската криза од стартот на сезоната. Сепак, согласно договорот меѓу клубовите, по истекот на позајмицата Македонецот се враќа во Вардар, со желба да освои нови трофеи како член на „црвено-црние“.
„Пред да се збогуваме со 2022 година, исто така е време да му се каже збогум и на Борко, кој ни помогна кон крајот на оваа година. Ти благодариме за твојата посветеност, за позитивното размислување и за важните паради. Ти посакуваме на тебе и на твоето семејство се најдобро во иднина“, се вели во соопштението на германскиот клуб.
„Сакам да му се заблагодарам на клубот, на сите соиграчи како и на фантастичните навивачи за последните неколку седмици. За мене беше гордост да се биде дел од Лемго, клуб на кој му посакувам многу успех и среќа во иднина“, порача Борко Ристовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА