Германски Лемго го промовираше македонскиот голман Борко Ристовски како свој нов член до крајот на 2022 година.
Лемго со „добредојде Борко“ посака успешна меѓусебна соработка со поранешниот македонски репрезентативец. А, сето тоа испратено и со изјавата на членот на управата на клубот, Јерг Церајке.
„Борко е искусен голман и претставува токму она што го баравме за нашата моментна ситуација. Среќни сме што успеавме брзо и лесно да се договориме за соработка до крајот на годината“ – вели Церајке.
Ристовски ќе биде во Лемко наредните два месеци, откако првиот голман на тимот, Словенецот Урх Кастелиц имаше операција на менискус, па ќе паузира дв месеци.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА