Лемос успешно опериран, се враќа во дресот на Вардар во јануари 2025

Фудбалерот на Вардар, Матеус Лемос, по повредата на предниот вкрстен лигамент успешно е опериран. Играчот од Бразил кој игра на крилната позиција мораше да излезе уште во 17. минута од средбата против Воска во во 29. коло во домашниот шампионат, откако го повреди коленото.

Сега следува период на рехабилитација за Лемос кој би требало да трае од шест до осум месеци, па враќање во дресот на Вардар се очекува во јануари 2025.

Вардар овој викенд го очекува дуелот против Детонит Плачковица во баражот за опстанок во Првата македонска фудбалска лига.

Се вчитува...