Новиот тренер на Лос Анџелес Клиперс, Тајрон Лу коментираше околу останувањето во клубот на првите две ѕвезди Кавај Ленард и Пол Џорџ. Клиперс во полуфиналната серија во Запдната конференција прокоцкаа предност од 3-1 против Денвер Нагетс. Во јавноста се појави шпекулации околу тоа дека главните ѕвезди не се среќни и дека би можеле да го напуштат клубот.
„Ленард и Џорџ долго ќе бидат овде. Мислам дека тие сакаат да играат за Клиперс и дека мислат дека се на вистинско место. Мојата работа е во овој тим да направам атмосфера која на нив совршено ќе им одговора, но и да им пренесам колку е важно да добиваме натпревари“, изјави Лу.
За Лу ова е втор ангажман како главен тренер во НБА, а во својата прва авантура со Кливленд Кавалирс во 2016 година стигна до шампионскиот трофеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА