Каваи Ленард поради повредите кои го оддалечија од паркетот подолг период, минатава сезона одигра само девет меча за Сан Антонио. Но, и наспроти повредите, се чини дека има и нешто плус во неговата релација со клубот што не функционира, па асот на спарси е решен да ги промени клупските бои.
Според последните информации, Каваи и дефинитивно ова лето заминува од Сан Антонио. Се чини дека во редовите на Спарси нема да го задржи ниту новиот неверојатен договор од 219 милиони долари кој му е понуден. Сумата е фантастична, но според американските медиуми Ленард истата ја одбил со образложение дека ќе побара нов предизвик во кариерата.
Дилемата е голема, дали да се пресели во Њујорк, или пак во Лос Анџелес каде интерес за него пројавија и лејкерси и клиперси. Јасно е, во следниот период ќе се водат бројни преговори за да се најде и заеднички јазик за „трејд“ со Сан Антонио, но заминувањето на Ленард дефинитивно ќе биде сериозен удар за тимот на Крег Попович, кој без помошта на својот лидер сезонава едвај стигна до плејофот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА