Ленард: Лажеа дека не сум сакал да играм за Торонто, а јас станав шампион…

Каваи Ленард испиша историја со Торонто, предводејќи ги „рептилите“ до првата титула во НБА-лигата. Неговиот „трејд“ од Сан Антонио во Торонто предизвика голема бура поради пишувањата на медиумите дека тој настојувал да го бојкотира трансферот бидејќи не сакал да се сели во Канада, но со освојувањето на титулата Ленард им ги затна устите на злобниците.

„Многумина се сомневаа во мене. Велеа дека не сакам да играм за овој тим, што беше разочарувачко бидејќи јас многу ја сакам кошарката. Знаев колку морам да бидам добар, да верувам во себе и да им покажам на сите луѓе колку сум лојален на Торонто, колку уживам играјќи за овој тим. Растев како човек, исто така и како играч, а конечниот резултат го гледате сите – титула за Торонто“, истакна Ленард.

Тој се потсети и на моментите при доаѓањето во Торонто и првата комуникација со Кајл Лаури, во тој период прва ѕвезда на тимот.

„Лаури беше многу добар пријател со ДеРозан, кој замина во Сан Антонио како дел од мојот трансфер, а Кајл беше бесен поради развојот на ситуацијата. Еден ден откако потпишав со Торонто му испратив порака: Ајде да направиме нешто специјално. Знам дека си лут што остана без најдобриот пријател, но ајде овој тим да биде добар. И еве… сега сме овде на подиумот со титулата“ – гордо изјави Ленард.

Се вчитува...