Легендарниот Ленокс Луис е последниот боксер сопственик на сите четири појаси, од ноември 1999 до април 2000 година. Сега по толку години се чини дека се отвори можност да добиеме уште еден таков боксер. Но, Луис мисли дека Ентони Џошуа, сопственик на три појаси, всушност четвртиот и не го сака.
Џошуа „под свое“ ги има ВБА, ВБО и ИБФ појасите, додека четвртиот е во сопствеништво на Деонтај Вајлдер. И додека менаџерот на Џошуа, Еди Херн, како и самиот боксер, тврди дека целта е борба со Вајлдер, легендарниот Ленокс Луис смета дека Џошуа всушност многу се плаши и бега од борба со Вајлдер или Фјури.
„Тој не сака борба со тие типови. Кога ја виде борбата на Вајлдер и Фјури сигурно помисли ‘О, па овие знаат да боксуваат’“ – вели Луис и дополнува:
„Очигледно е дека Џошуа бега како глувче од Вајлдер и Фјури. Според мене тие двајцата треба да имаат реванш меч, а Џошуа да почека. И не мислам дека тој ќе дојде во САД, сака да боксува во Англија затоа што знае дека таму е заштитен“.
А, веќе се поизгледно е дека Џошуа нема да оди на ниту еден од двајцата боксери. Вајлдер и Фјури по нерешената борба сакаат меѓусебен реванш, а следниот противник на Џошуа најверојатно ќе биде победникот од пресметката меѓу Дилијан Вајт и Дерек Чисоре.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА