Американскиот велосипедист Ленс Армстронг, кој се запиша во историјата на спортот како најтрофеен атлета на кого му се одземени сите признанија, конечно откри како ја лажел антидопинг контролата.
Армстронг призна дека користел супстанци кои најкратко се задржувале во организмот така што никогаш по натпреварите не можело да бидат детектирани. Поради тоа бил „чист“ на секоја допинг контролата за време на својата кариера.
„Во извесна смисла, со тоа го изигрував системот, но тоа што секогаш го говорев – и не се обидувам да го оправдам тоа што реков дека би го повторил – но една реченица беше: ‘Тестиран сум 500 пати и никогаш не сум паднал на допинг контрола.’ Тоа не е лага. Тоа е вистина. Немаше начин да се избегне контролата. Тие ги анализираа примероците, но реално е дека супстанците кои ги користев, посебно оние кои најмногу ги подобруваа моите перформанси, кратко се задржуваат во организмот. Ги избегнував оние кои имаат подолг ‘век’ на задржување во човечкото тело. На пример, не можете да пушите џоинт и да седнете да возите…. И за две недели ќе имате позитивен тест на марихуана, затоа што се задржува долго во организмот“ – вели Армстронг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА