Ленс го елиминираше Лион и се пласираше во полуфинале на Купот на Франција (ВИДЕО)

Екипата на Ленс се пласираше во полуфиналето на Купот на Франција, откако денеска го елиминираше Лион на негов терен со победа по изведувањето на пеналите. Ленс со тоа ги комплетираше полуфиналените двојки во францускиот Куп, и им се приклучи на Стразбур, Ница и Тулуз.

Ленс до полувремето стигна до предност од 0-2. Тавин во 23. минута, и Сима во првата минута од судиското надополнување, донесоа одлична предност за гостите.

Сепак, проблем настана по црвениот картон на Масауаку, а Лион веднаш намали со голот на Јаремчук. Во самиот финиш Химберт успеа да погоди за Лион по големата грешка на голманот на Ленс, и да донесе израмнување на 2-2.

Во пенал серијата, промаши Никате во четвртата серија, додека Ленс ги погоди сите пет пенали и така успеа да слави триумф.

Во полуфиналето Ленс ќе се сретне со екипата на Тулуз, додека меѓусебно ќе играат Стразбур – Ница.

Се вчитува...