Фудбалерите на Ленс им се вратија на победите во француското првенство откако во 24. коло славеа со 3-1 на домашен терен против Нант. До само втората победа во последните шест меча тимот го предводеа Мачадо и Томасон кои стрелаа во 34. и 36. минута, а откако Моле го намали резултатот на 2-1 во 40. минута, победата за противникот ја завери Траоре со автогол во 74. минута.
Со денешниот триумф Ленс остана во игра за место кое води во Лигата на Шампионите следната сезона. Сега има 49 освовени бода колку и Марсеј пред кој е вечерашниот натпревар против Тулуз. Нант пак останува на 13. место на табелата со 28 освоени бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА