Фудбалерите на Ленс продолжуваат со неверојатните партии сезонава во домашниот шампионат откако вечерва славеа против Рен со 3-1 во меч од 21. коло од новата сезона во Лига 1.
Домаќините имаа негатива од 0-1 со погодокот на Лепаул уште во 8. минута. До крајот на првиот дел Ленс израмни на 1-1 преку Едуард во 41. минута. Агилар во 54. минута донесе целосен пресврт 2-1, но само две минути подоцна направи голема глупост добивајќи втор жолт картон со кој ги остави своите соиграчи на цедило.
Сепак, и тоа не им помогна на гостите бидејќи Ленс ја потврди победата (3-1) со голот на Сент Максимин во 78. минута.
Lens [3]-1 Rennes – Allan Saint-Maximin 78'
byu/Meladroit10 insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

