Ленс со победа ја елиминираше Севилја од Европа (ВИДЕО)

Комплетирана е групата Б во Лигата на шампионите, каде што од претходно беше познато дека првото место ќе му припадне на Арсенал, а второто на ПСВ Ајндховен, додека за третото и пласманот во Лигата на Европа се бореа Ленс и Севилја. Во Лигата на Европа оди екипата на Ленс, која ја победи Севилја и така продолжува во ЛЕ.

Ленс и Севилја одиграа драматичен меч, во кој француската екипа дојде до победата, и бранителот на трофејот во Лигата на Европа нема да го брани пехарот.

Ленс дојде до водство со гол од пенал преку Франковски. Рамос во 79. минута израмни од пенал, но по повторен обид. Првиот му го одбрани голманот Самба, но ВАР утврди дека чуварот на мрежата излегол предвреме и го повтори пеналот, а Рамос со паненка од вториот обид успеа да го совлада Самба и да донесе израмнување. Во шестата минута од судиското надополнување, Фулгини успеа да донесе победа за својата екипа и голема радост на „Феликс Болар“.

Во вториот меч во Ајхндховен, кој не решаваше за ништо, ПСВ и Арсенал одиграа нерешено 1-1. Нкетиах во 42. минута ги доенсе гостите во предност, за Вертесен во 50. минута израмни и го постави конечниот резултат.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...