Лео Меси е „магичен“: Со две асистенции ја отвори новата сезона во МЛС (ВИДЕО)

Интер Мајами ремизираше (2-2) со Њујорк сити пред своите навивачи на отворањето на новата сезона во МЛС лигата.

Тимот на Лионел Меси на стартот од новата сезона се спаси од пораз, во мечот во кој играше и со фудбалер помалку цели 70 минути, благодарение на одличната партија на Аргентинецот.

Меси уште во 5. минута му асистираше на Томас Авилес за водство од 1-0 на Интер, но само 15 минути подоцна стрелецот доби црвен картон. Па, гостите дојдоа до пресврт со головите на Митја Иленич и Алонсо Мартинес.

Сепак, Интер Мајами, во судиското продолжение, со голот на Талеска Сеговиа а повторно на асистенција на Меси, му донесе бод на својот тим.

Се вчитува...