Лео Меси откри зошто не се врати во Барселона

Најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси кариерата ќе ја продолжи во МЛС тимот на Интер Мајами.

Тој во интервју за „Мундо Депортиво“ откри зошто на крајот се одлучи за Интер Мајами, а не за кам-бек во Барселона.

„Донесов одлука да одам во Мајами. Се уште не е сè договорено, некои работи остануваат, но јас се решив на тој чекор. Идејата беше ако не се вратам во Барселона, ќе ја напуштам Европа, ќе се тргнам од рефлекторите од големите стадиони и ќе се посветам на моето семејство. Навистина сакав, бев многу возбуден што ќе можам да се вратам во Барселона, но, од друга страна, откако го доживеав она што го доживеав и заминувањето што го имав, не сакав повторно да бидам во истата ситуација: да чекам да видам што ќе се случи и да ја оставам мојата иднина во туѓи раце“, изјави Меси. 

Се вчитува...