Баер Леверкузен го шокираше актуелниот германски првак на „Алијанц арена“ и го совлада со 1-2. Младиот напаѓач Леон Бејли беше стрелец на двата гола за „фармацевтите“ на овој дуел. Го отвори резултатот во десеттата минута откако и побегна на одбраната на баварскиот тим и го надмудри Мануел Нојер.
Томас Милер израмни во 34.минута, но само една минута подоцна уште еднаш на сцена стапи Леон Бејли и постигна втор погодок, за ново водство за Баер Леверкузен. Домаќините имаа неколку одлични шанси, но не успеаја да ги искористат, а со тоа му овозможија на Баер Леверкузен да стигне до трите бода.
По овој пораз, Баерн Минхен се наоѓа на четвртата позиција на табелата со 24 бода, три помалку од лидерот Лајпциг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА