Леонард Жута потпиша за хрватски Шибеник (ФОТО)

Поранешниот македонски репрезентативец Леонард Жута својата кариера ја продолжува во хрватскиот прволигаш Шибеник.

31-годишниот левокрилен дефанзивец потпиша едногодишен договор со Шибеник, со можност за продолжување на уште една.

„Пресреќен сум поради доаѓањето во Шибеник, каде низ кариерата досега многу пати сум играл, но на спротивната страна. Дојде време и да го облечам портокаловиот дрес. Знам дека се работи за клуб со богата традиција, и затоа се радувам на новиот предизвик“ – изјави Жута на промоцијата во новиот дрес.

Жута повторно се враќа во хрватскиот фудбал откако од 2015 до 2019 повеќе од успешно го носеше дресот на Ријека со која дојде и до две шампионски титули. Беше прогласен и за најдобар лев бек во 21. век на клубот. Последен негов клуб беше шведска Бромапојкарна, а претходно во кариерата има настапи и за норвешка Валеренга, шведски Хакен, италијански Лече и Коњаспор во Турција.

Се вчитува...