Некогашниот македонски репрезентативец Леонард Жута, би можел да се врати во Шведска и да потпише за Норчепинг. Во моментов левиот бек настапува за норвешка Валеренга, но сега е блиску до враќање во Шведска, неговата родна земја.
Жута во минатото играше за Хакен, па замина во Ријека каде го донесе најголемиот успех на клубот од независноста на Хрватска освојувајќи двојна круна. Од таму направи трансфер во Коњаспор, но откако не ја доби потребната минутажа, се врати во неговиот матичен клуб Хакен.
Во 2020 година прави трансфер во Лече, каде што останува една сезона пред да замине во Валеренга. Сега после една година одново можно е да има нов клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

