Францускиот првак Пари Сен Жермен ќе се обиде да го доведе српскиот интернационалец Сергеј Милинковиќ – Савиќ на „Паркот на принцовите“ ова лето. Ова е прва мисија на Бразилецот Леонардо кој се врати во Париз и ќе биде спортски директор на „светците“.
За Србинот сериозен интерес покажува и Јувентус, кој е подготвен да плати 100 милиони евра и дополнително да му отстапи двајца помлади фудбалери на Лацио. Сепак, Пари Сен Жермен подготвува понуда вредна 150 милиони евра за одличниот играч за врска.
Сергеј Милинковиќ – Савиќ на 31 натпревар во Серија А минатата сезона, постигна пшет гола и имаше три асистенции. Тој има договор со Лацио до 2023 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА