Леонардо го убедува Донарума да се пресели во Париз

Францускиот првак Пари Сен Жермен го сака Џанлуиџи Донарума како долгорочно решение за голманската позиција. По експериментот со Буфон, сега раководството е фокусирано на 20-годишниот Донарума кој би можел да остане на „Паркот на принцовите“ повеќе од една деценија. За трансферот е задолжен новиот спортски директор Леонардо, кој му беше тренер и функционер и во Милан. Добро го познава и треба да го убеди да се пресели во Париз.

ПСЖ е подготвен да го вклучи и Алфонс Ареола во понудата. Милан бара најмалку 50 милиони евра за Донарума, а „светците“ би доплатиле 20 милиони евра и би го испратиле Ареола на „Сан Сиро“. Донарума би добил годишна плата од 10 милиони евра.

Се вчитува...