Леонардо Петровиќ е нов фудбалер на АП Брера

Македонскиот фудбалски прволигаш АП Брера Струмица продолжува со составување на тимот пресрет на пролетниот дел од сезоната во Првата фудбалска лига.

Струмичкиот прволигаш официјално го објави ангажманот на 22-годишниот офанзивен фудбалер Леонардо Петровиќ, кој пристигнува како слободен агент. Петровиќ е десно крило, но може да игра и на левата страна.

Тој е поранешен младински репрезентативец на Хрватска до 17 години и во текот на кариерата има искуство од неколку клубови во регионот.

Во есенскиот дел од сезоната 2025/26, Петровиќ настапуваше за хрватскиот второлигаш Змијавци.  Претходно беше дел од Радник Бијељина (Босна и Херцеговина), а најзначаен период во кариерата го имаше во Посушје, каде две сезони играше во Премиерлигата на Босна и Херцеговина.

Се вчитува...