Португалскиот стратег Леонардо Жардим го продолжи договор со францускиот првак Монако до 2020 година. Тој доби награда за освоената шампионска титула оваа сезона и продолжување на актуелниот договор кој имаше важност до 2019 година. Според новиот „дил“, Жардим ќе заработува 4,5 милиони евра по сезона, и ќе се обиде со „кнезовите“ да го одбрани шампионскиот пехар следната сезона.
Тренерот на Монако имаше богата понуда од Кина, вредна 12 милиони евра по сезона, да го преземе Пекинг гуан, но, сепак, се одлучи да остане во Европа и да продолжи да работи со тимот со кој оствари фантастичен резултат оваа година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА