Португалскиот стратег Леонардо Жардим повторно ќе седи на клупата на францускиот прволигаш Монако. Тој пред три месеци си замина и му го препушти кормилото на Тјери Анри, меѓутоа ниту легендарниот фудбалер не успеа да го исправи бродот и да ги подобри резултатите на „кнезовите“. Раководството на клубот донесе одлука да се раздели и со Анри, и повторно да го врати Жардим како тренер на сениорскиот тим.
Монако до крајот на шампионатот ќе се бори за опстанок во Франција. Во моментот тимот се наоѓа на претпоследната позиција на табелата со 15 освоени бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА