Македонскиот фудбалски прволигаш Арсими го претстави Леонид Игнатов за свој нов фудбалер.
Игнатов минатата сезона ја помина во Силекс, а претходно играше за Скопје, младинскиот тим на Хајдук и Вардар.
Беше и дел од репрезентацијата на Македонија до 21 година.
„Управата на клубот ја победи конкуренцијата од неколку локални и странски тимови, што го убеди 22-годишниот талент да го избере Арсими“, велат од новиот македонски прволигаш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

