Македонската ракометна репрезентативка Леонида Гичевска направи нов чекор напред во кариерата, потпишувајќи договор со екипата на Лада Тољати.
Прославениот руски тим беше во потрага по квалитетни засилувања за неколку позиции во тимот, а изборот за бековката линија падна токму врз Гичевска. Македонката доаѓа во Лада од редовите на романскиот прволигаш Стинта, а претходно во интернационалната кариера настапуваше и за Локомотива Загреб во Хрватска (тим со кој беше дел и од Лигата на Шампионите), како и за француските Ле Самбр и Безансаон.
Претходно, оваа 26-годишна ракометарка на македонската ракометна сцена ги бранеше боите на Вардар Јуниор, Вардар, Металург и Куманово.
Македонската лавица доаѓа во Тољати, го најави Лада трансферот на нашата репрезентативка на клупската веб-страница…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА