Легендарниот кошаркар, Лери Бирд се повлече од претседателската функција во Индијана пејсерс. Според американските медиуми, главна причина за оставката на Бирд е несогласувањето околу стратегијата за иднината на клубот.
Бирд кој е еден од најдобрите шутери во историјата на НБА, беше тренер на Индијана од 1997 до 2000 година, а претседателската функција во клубот ја презеде во 2013 година. Тој и покрај оставката на челната позиција, сепак, останува во клубот како советник на новиот претседател Кевин Причард.
Бирд е единствен во историјата на НБА кој бил избран за најдобар играч, најдобар тренер и најдобар оперативец во најсилната кошаркарска лига во светот. Во својата играчка кариера легендарниот кошаркар има и три шампионски титули освоени со Бостон селтикс во 1981, 1984 и во 1986 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА