Ѕвездата на Манчестер Ситу, Лерој Сане, нема да настапи на претстојното Светско првенство во Русија. Иако Сане имаше извонредна сезона на „Етихад“, сепак, селекторот на Германија, Јоаким Лев, одлучи да го изостави од составот со кој ќе настапи на Мундијалот.
Покрај фудбалерот кој беше една од главните алки на Манчестер Сити за освојување на шампионската титула во Премиер лигата, Лев од списокот за СП ги избриша и голманот на Баер Леверкузен, Бернд Лено, неговиот соиграч Џонатан Сахо и напаѓачот на Фрајбург, Нилс Петерсен.
Сане отпадна бидејќи предност во германската репрезентација добија Јулијан Дрекслер, Марко Ројс, јулијан Бранд и Леон Горецка.
Германија на СП ќе игра во групата со Мексико, Шведска и со Јужна Кореја. Светското превенство во Русија ќе се одржи од 14 јуни до 15 јули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА