„Лешинари“ околу парите на Сала: Кардиф не сака да плати, се јави и Бордо…

Потрагата по авионот на Емилијано Сала што се урна на пат кон Кардиф ќе продолжи во следните 24 часа, во меѓувреме продолжуваат дилемите околу тоа кој треба да плати, а кој колку пари треба да земе од трансферот на аргентинскиот напаѓач.

Кардиф го купи Сала од Нант за рекордни 15 милиони фунти, дури и го претстави на прес-конференција пред јавноста, но Аргентинецот не дочека ниту да одржи тренинг со соиграчите, по кобниот лет назад од Нант до велшкиот главен град.

Целата ситуација околу исплатата на парите е влезена во „сива зона“, па сега Кардиф одбива да ја плати милионската сума бидејќи Сала воопшто немаше почнато со работа во овој клуб (не се појави ниту на тренинг, ниту на натпревар). Премиерлигашот ангажираше правен тим за да ги разгледа сите аспекти од договорот, се со цел да плати што помалку пари од она што е обврзан кон Нант.

Ова следи по најавите дека и осигурителната компанија сега бара начин да не ја исплати премијата од осигурувањето на Сала, бидејќи тој се уште се води за исчезнат, без да биде констатирана смрт.

Кардиф ја стопирал исплатата на првата рата во висина од пет милиони фунти, а Нант веќе најавил жалба до ФИФА. Во целата ситуација се појави и Бордо, овој француски прволигаш бара 1,5 милиони фунти поради клаузулата од 10% од следниот трансфер при продажбата на Сала во Нант.

Каде што има многу пари, секогаш има и „лешинари“, за жал и во случај на голема трагедија како оваа на Емилијано Сала.

Се вчитува...