Урбан Лесјак бранеше одлично за Еурофарм Пелистер на денешниот натпревар со Нексе, помагајќи му на македонскиот тим да дојде до победата и третото место на завршниот турнир од СЕХА-лигата.
Според словенелкиот чувар на мрежата, многу важни за битолските „фармацевти“ е што покажале далеку подобро издание отколку на полуфиналниот дуел со Веспрем.
„Честитки до моите соиграчи за она што го прикажаа. По онаа шлаканица во петокот со Веспрем знаевме дека можеме многу повеќе, денеска го покажавме тоа. Видовме дека можеме да играме со Нексе, на периоди се кршевме, но во клучните моменти бевме подобар противник и заслужено победивме“, изјави најдобриот ракометар на Еурофарм Пелистер на денешниот натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА