Борусија Дортмунд имаше одлична увертира пред натпреварот во ЛШ против Аталанта, откако вечерва ја совлада екипата на Мајнц со убедливи 4-0 на свој терен. Триумфот можеше да биде поубедлив, со оглед дека „милионерите“ имаа уште неколку шанси.
Победникот во голема мера беше решен уште во првиот дел, кога Борусија имаше предност од 3-0. Рајерсон беше во фокусот на вниманието, затоа што запиша три асистенции. Најпрво во 10. минута кон Гираси кој со глава го совлада гостинскиот голман, потоа во 15. минута кон Бајер, а во 42. минута одново кон Гираси.
Во вториот дел Кор си постигна автогол и ги постави конечните 4-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

