Луис Хамилтон значаен чекор кон нова титула во Ф1 шампионатот по доминатната победа на трката за Големата награда за Франција. Британскиот возач беше без конкуренција во текот на целата трка и го остави далеку зад себе на второто место тимскиот партнер од Мерцедес, Валтери Ботас.
За Хамилтон ова е шеста победа во осумте трки сезонава. Третото место му припадна на вториот пилот на Ферари, Шарл Леклер. Макс Верстапен и Себастијан Фетел завршија на петтото и на шестото место. Германскиот пилот го освои дополнителниот бод за најбрз круг.
Петкратниот шампион Луис Хамилтон во трката за титулата има 36 бода повеќе од Валтери Ботас.
Следната трка во Ф1 шампионатот ќе се вози следниот викенд во Австрија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА