Милан е на пат да ја наполни својата сметка со продажба на Малик Тију, фудбалерот кој беше ангажиран во 2022 година за само девет милиони евра од Шалке 04 во италијанскиот ривал Комо за 45 милиони евра.
Преговорите помеѓу двата клуба се завршени и останува само на играчот да ја прифати понудата и да ги договори личните услови со Комо.
Дваесетитригодишникот ја покрива позицијата стопер и изминатата сезона настапи на 22 натпревари во Серија А од кои половина во првиот тим. Покрај тоа беше дел и од Лигата на Шампионите, а на пет одиграни натпревари се запиша и во листата на стрелци и успеа да даде една асистенција.
За негов ангажман постоеше интерес и од Баерн Минхен, Вест Хем Јунајтед и Баер Леверкузен, но овие тимови не беа ни блиску до понудата на Комо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

